ИН МЕМОРИАМ: Коце Ефремов – освојувач на златниот медал на Медитеранските игри во Сплит 1979 година

Ненадејно во Кочани (7 октомври) почина еден од најдобрите борачи на БК Спартак истакнатиот репрезентативец на Југославија, Коце Ефремов.

Борачот на БК Спартак Коце Ефремов беше член на југословенската репрезентација на Медитеранските игри во Сплит во 1979 година. Го освои златниот медал во борење – слободен стил во категорија до 48 килограми. Како репрезентативец на СФРЈ учествуваше и на Олимписките игри во Москва во 1980 година и го освои седмото место.

Погребот е денеска (8 октомври) во Кочани од 12-14 часот.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО