Други вештиниПеливанско борење

Хамид Бакија учествуваше на Светскиот форум за етно спортови во Анталија

Претседателот на Федерацијата за пеливанско борење на Македонија, Хамид Бакија, на 4 и 5 април учествуваше на Светскиот форум за етно спортови кој се одржа во Анталија, Турција.

Овој меѓународен форум собра претставници од многу земји, при што се дискутираа важни теми за зачувување и промоција на културното наследство преку традиционалните спортови.

Во оваа прилика, Федерацијата за традиционално борење на Македонија беше потврдена како полноправна членка на Ворлд етно спорт унион, што претставува значаен чекор кон нејзината меѓународна афирмација и понатамошен развој.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON