Халит Османи (Лирија) е прогласен за најдобар борач на второто издание на Меѓународниот меморијален турнир „Ментаз Алјабегу“ што се одржа вчера во Скопје. Фати Вејсели (Лирија) е најдобриот домашен борач.
Ханс Малај од Албанија го доби признанието за најдобар борач од странство.
На турнирот учествуваа околу 70 борачи од Македонија, Косово и Албанија, при што борачите на Лирија беа најбројни, а од домашните екипи уште се натпреваруваа Скопје, Тефејуз, Студеничани, Бучим, Неготино.