Хајрудин Сендиќ дебитира во ММА-профи во Дубровник

Штипјанецот Хајрудин Сендиќ ќе дебитира во професионалните ММА води на Ноќта на гладијаторите 11 во Дуборвник, Хрватска, на 8 април против домашниот борец Марио Дабо.

„По неколку аматерски борби ова ќе биде моето профи деби. Противникот ми е Марио Дабо, државен првак во Хрватска во ММА и е прогласен за најдобар млад спортист на Дубровик. Секако дека тоа ќе биде тежок меч и голем предизвик за мене. Инаку, повикот го добив на 20 дена пред борбата. Се надевам дека имам доволно да се максимално да се подготувам и очекувам победа“, вели Хајрудин Сендиќ и додава дека за него е најбитно да биде здрав и без повреди.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON