Хафтор Бјорнсон се враќа во рингот на 28 мај

Хафтор Јулиус Бјорнсон се враќа во рингот. 32-годишниот силен маж од Исланд, кој се прослави со улогата на Грегор Клегаин-Планина во серијата „Игра на троновите“ ги соопшти вестите на социјалните мрежи.

Во недела ќе лета за Дубаи и таму ќе се подготвува за боксерската борба. Бјорнсон ќе се бори на 28 мај, а идентитетот на противникот останува нејасен. Хафтор е победник на мечот „Најсилен човек на светот“ за 2018 година и победи на Арнолд строгмен класик последователно три години во 2018, 2019 и 2020 година.

На почетокот на годината дебитираше во бокс и направи шоу со Стивен Вард. Нивниот меч заврши нерешено по три рунди. Бјорнсон победи пет пати на натпреварот „Најсилен човек во Европа“. Беше број 1 во 2014, 2015, 2017, 2018 и 2019 година.

Во септември Бјорнсон ќе се бори со уште еден титан, Еди Хол.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО