Младиот кик бокс репрезентативец на Македонија, Хадис Рамадани, деновиве беше на тренинг со светскиот првак Шкодран Весели во Приштина.
Шкодран Весели настапува во мај тај и во кик бокс во К-1. Тој е светски шампион во три верзии во ВФЦ, ВМАЦ и ИФН и два пати е европски првак во ВКУ и ВАКО-про, а и во септември ќе се бори за светската титула на една од најсилните регионални промоции ФФЦ која неодмана имаше свое претставување и во САД.
„Со Шкодран работевме повеќе техники, а неговите совети се и корекции се драгоецни, бидејќи има огромно искуство“, вели Хадис Рамадани кој се подготвува за Светското првенство во Даблин, Ирска.
Хадис и Шкодран се запознале во Швајцарија на насапот на Фајт најт во Цирих.
Ipon.mk/В.Д.