АктуелноМеѓународна сценаММА

Хабиб: Усман Нурмагомедов сега е на ниво на Топурија и Царукјан

Усман Нурмагомедов го достигна првото место на официјалната ранг-листа „паунд фор паунд“ на Лигата на професионални борци (ПФЛ). Неговиот братучед Хабиб Нурмагомедов верува дека рангирањето ја одразува неговата моментална форма и вели дека Усман сега може да се спореди со водечките борци во лесна категорија како што се Илија Топурија и Арман Царукјан.

Усман Нурмагомедов има непоразен професионален скор од 20 победи и едно реми. Оваа сабота во Дубаи за прв пат ќе ја брани титулата во лесна категорија на ПФЛ. Негов противник ќе биде Алфи Дејвис, кој го освои турнирот во лесна категорија на ПФЛ во 2025 година.

Во неодамнешно интервју, Хабиб зборуваше за огромниот напредок на Усман.

„Имам свое мислење за тоа, но не е во ред да се зборува за УФЦ, како борец во ПФЛ“, рече Хабиб. „За една година, Усман многу порасна. Јас самиот се борам со него, лично работам со него. А однадвор, тој е барем на исто ниво како нив. Пред една година, би рекол дека сè уште треба да почекаме, но сега е на ова ниво. Времето ќе покаже“.

Алфи Дејвис влегува во борбата за титулата со професионален скорд од 20 победи, 5 порази и 1 нерешен резултат. Во 2025 година 33-годишниот Англичанец извојува три победи над Гаџи Рабаданов, Брент Примус и Клеј Колард, обезбедувајќи ја титулата на турнирот и оваа можност да се бори за појасот. Хабиб очекува тешка борба и го опиша Дејвис како непријатен противник.

„Ова е многу конкурентна борба. Противникот на Усман е многу непријатен по стил. Знаеме што да очекуваме, но противникот е брз и има многу ретки удари во ММА. Ако работите внимателно, без емоции, Усман треба да победи со искуство и вештина“.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON