Хабиб: Татко ми секогаш велеше дека Махачев ќе биде шампион

Хабиб Нурмагомедов тврди дека Ислам Махачев бил миленик на Абдулманап Нурмагомедов. Таткото на Хабиб почина пред речиси две години по долго боледување. Легендарниот тренер го напушти овој свет на 57 години.

Тој успеа да види како Хабиб станува шампион во најголемата ММА организација во светот. Смртта на Абдулманап доведе до повлекување на Хабиб од ММА кон крајот на 2020 година. Сега Ислам Махачев е блиску до титулата која Хабиб ја ослободи.

Неколку часа подоцна Махачев ќе влезе во кафезот со Боби Грин во главната борба на гала вечерта на УФЦ во Лас Вегас. Ислам ќе ја бара 10-та последователна победа и ќе се надева дека ќе му добие шанса за појасот.

Хабиб за ЕСПН со изјава за својот најдобар пријател:

„Ислам Махачев беше омилен ученик на татко ми. Тој му беше како син. Татко ми секогаш велеше дека Махачев ќе биде шампион. Затоа сум тука. Морам да го завршам она што го започна татко ми“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО