Андреа Нисева стана шампион на Бугарија, Македнијо каде гледаш

Андреа Нисева го покажа својот талент и во Бугарија! Таа стана шампион на Бугарија до У-15.

Нисева во силна конкуренција извојува четири победи на Државното првенство во Стара Загора. Андреа тренира кај познатиот тренер Димитар Кумчев.

Андреа пред извесно време помина да тренира во Бугарија поради суспензијата на нејзиниот матичен клуб Олимпија од Штип, за што водат и правна битка.

Од Олимпија за преселувањето на Нисева рекоа:

„БК Олимпија се одлучи на ваков чекор бидејќи нашата федерација работи самата против себе и дозволува талентите да заминуваат и настапуваат надвор од Македонија, за други клубови, а потоа и за други држави. Тоа значи, доколку Андреа го освои шампионатот во својата категорија и биде поканета во репрезентацијата на Бугарија, бидејки во Македонија не и е дозволено да настапува од причини познати само на водечките во федерацијата. Олимпија и во иднина и на другите свои борачи ќе и овозможува да настапуваат за клубови надвор од државата, каде што сме ценети, почитувани и познати по професионалниот однос, како и по успешните резултати. Се додека федерацијата работи против Олимпија од причини познати само на нив ќе дејствуваме на овој начин“.

Ако не се отрезниме, може да изгубиме уште еден голем талент.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО