Хабиб студира и покренува бизнис, нема време за враќање

Хабиб Нурмагомедов го демантира Дана Вајт дека неговиот камбек во кафезот е „чиста формалност“, потенцирајќи дека сака да се фокусира на добивањето на факултетска диплома и на економски инвестиции во фармерството.

Вајт изјави дека Хабиб уште е во системот за анти-допинг контрола и по убедливата победа на Џастин Гејџи минатиот месец и дека тоа докажува дека тој уште планира да се бори, посебно бидејќи сака да оди на 30-0 скор.

„Можеш да се бориш до својата 40-та година, но треба да постои некоја цел. Имав цел да бидам на врвот и стигнав таму. Понатаму, немам конкурентен интерес. Следната година ќе дипломирам економија на Плеханов универзитетот, и сакам да одам понатаму на мојата дипломска работа и да се посветам на учењето. Исто така си купив овци, сакам да бидам фармер. Да го развивам ова поле за мене. Имам бикови, крави, и работа за иднината“, вели 32-годишниот Нурмагомедов зборувајќи во својот роден Дагестан пред група на млади луѓе.

Покрај овие интереси, Нурмагомедов во средата ја промовираше сопствената виртуелна телефонска мрежа Игал мобиле, а исто така подготвува онлајн курсови со фајтерската школа во Дагестан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО