Хабиб со заколнал на гробот на татко му дека веќе нема да се бори

Чарлс Оливеира, кој е еден од претендентите за титулата на Хабиб Нурмагомедов, тврди дека непоразениот шампион завршил со ММА. Опасниот Бразилец изјави дека има информации од своите луѓе кои тврдат дека „Орелот“ положил заклетва на гробот на татко му дека повеќе нема да се бори во кафезот. Ако ова е вистина, тогаш приказната за Хабиб во ММА заврши.

Во октомври, Нурмагомедов ја одбрани титулата со победа над Џастин Гејџи и најави повлекување од ММА. Тој откри дека и ветил на својата мајка дека ќе престане да се бори, затоа што не сака да се парви тоа без татко му, кој почина во јули во Москва.

УФЦ сè уште го држи шампионот Хабиб, иако тој вели дека ја завршил кариерата. Хабиб следниот месец ќе се сретне со Дана Вајт, за да разговара за неговата иднина. Оливеира, кој викендов ќе се бори против Тони Фергусон, во едно интервју го откри следново:

„Ми рекоа дека Хабиб Нурмагомедов се заколнал на гробот на неговиот татко дека повеќе нема да се бори. Ако ова е точно, тогаш не можеме да го видиме повторно во кафезот.

Ако се врати, тогаш ќе ја прекрши заклетвата и ќе се погази зборовите. Ако навистина се заколнал, тогаш не може да се бори. Неговата кариера заврши“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО