Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов зборува за советите што ги добил од покојниот татко Абдулманап Нурмагомедов, кој почина минатото лето од коронавирус.
„Татко ми беше тренер во борбено самбо. Ги гледав натпреварите на кои учествуваа неговите момчиња. Се сеќавам кога Магомед Магомедов стана светски шампион. Со татко ми излегоа и едноставно не ги чувствуваа ривалите. Тогаш помислив: Дали е навистина можно да се достигне такво ниво. Како го прават тоа?“, напиша Хабиб.
Хабиб имал многу силна врска со својот татко, кој воедно бил негов тренер. По неговата смрт, борецот одржа една борба – онаа против Џастин Гејџи. Минута откако му беше крената рака тој објави дека се повлекува од спортот, бидејќи не може да продолжи без татко му.
„Се е едноставно“, рече татко ми, „нема ништо комплицирано, тренираш, спиеш, читаш и јадеш и ништо не те одвлекува и секој ден го повторуваш истото“. Неговиот совет беше: Не обидувај се да ми докажуваш или да ми кажуваш што ти е на ум, туку само прави го тоа што ќе ти кажам“, додаде Нурмагомедов.
Објавата на поранешниот шампион на УФЦ заврши со зборовите:
„Многу ми е драго што татко ми беше секогаш тука и секогаш ме водеше, ми покажуваше како и што да правам. Имав навистина среќа што имав таков ментор“, напиша Нурмагомедов.