Четири олмписки легенди на Македонија на „Златниот гонг“

Четири легенди, четворица македонски освојувачи на олимписки медали синоќа го следеа „Златниот гонг“. Тројца боксери и еден борач.

Шабан Трстена, Реџеп Реџеповски, Аце Русевски и Азис Салиху синоќа беа почесни гости на јубилејниот 50. „Златен гонг“ што се одржа во Скопје.

Шабан Трстена е олимписки шампион во борење од Олимписките игри во Лос Анџелес 1984 и носител на сребрениот медал на Олмпијадата во Сеул 1988 година.

Реџеп Реџеповски е олимписки вицешампион во бокс од Олимписките игри во Лос Анџелес 1984.

Азис Салиху го освои бронзениот медал на Олимписките игри во Лос Анџелес 1984-та.

Аце Русевски се закити со бронза на Олимписките игри во Монтреал 1976 година.

На овој список на освојувачи на олимпикси медали за Македонија недостасуваат Шабан Сеиди (борење) со две бронзи од ОИ во Москва 1980 и Лос Анџелес 1984 година, Могамед Ибрагимов (борење) бронза на ОИ во Сиднеј во 2000-тата и таеквокдистот Дејан Георгиевски освојувач на сребрениот медал од Олимписките игри 2021 (2020) во Токио.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО