Хабиб се вози во метрото (ФОТО)

Ризван Магомедов, кој е еден од менаџерите на Хабиб Нурмагомедов, сподели интересна фотографија. Во својата сторија на Инстаграм Магомедов објави фотографија на Хабиб како се вози во метрото.

Непоразената ѕвезда од Дагестан носи маска и очигледно луѓето во метрото не можат да го препознаат и не му обрнуваат внимание. Магомедов напиша дека вака патувал Хабиб откако се повлекол од ММА.

На крајот на 2020 година ја видовме последната борба на Хабиб во кариерата. Тој го победи Џастин Гејџи во Абу Даби и ја зголеми статистиката на 29-0 во ММА. Нурмагомедов заработи многу кариерата и неодамна стана познато дека неговото богатство се проценува на 40 милиони долари.

Така, Хабиб е втор најбогат ММА борец во историјата. Пред него е само Конор Мек Грегор, кој има неверојатни 400 милиони долари. Хабиб можеби е милионер, но останува обичен човек кој понекогаш го користи метрото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО