Хабиб прв пат јавно ја коментираше пораката на Конор со која го чепна татко му (ВИДЕО)

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов со интерес го следеше неодамнешниот дуел меѓу Дастин Пориер и Конор Мек Грегор.

Главната борба на настанот УФЦ 264 заврши со триумф на Пориер, откако Ирецот ја скрши ногата на крајот од првата рунда.

По тој меч Хабиб напиша на Твитер: „Доброто секогаш го победува злото. Среќен сум за Дастин Пориер и се надевам дека ќе го земе појасот до крајот на годината“.

По некое време, Мек Грегор мораше да одговори, објави порака на својот Твитер, која набрзо ја избриша.

„Ковид е добар, а таткото е злобен“, напиша Мек Грегор, допирајќи го таткото на Хабиб, Абдулманап Нурмагомедов, кој почина пред една година како последица на коронавирусот.

Непоразениот Дагестанец првпат јавно ја коментираше пораката на Конор, а неговите одговори беа многу кратки. Запрашан дали неговиот поранешен ривал ја преминал границата со неговата објава, Хабиб едвај изговори:

„Да“.

И тогаш беше запрашан што мисли за пораката на Конор за неговиот татко.

„Страшно“, рече Хабиб Нурмагомедов за новинарот на ТМЗ.

Хабиб уште еднаш потврди дека нема намера да се врати во борбите, а не е сигурен дали Мек Грегор ќе се врати во октагонот по толку сериозна повреда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО