Хабиб призна во Куќата на славните на УФЦ: Би прифатил пораз во кој било меч, но не и во таа борба (ФОТО)

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов беше примен во Куќата на славните на најголемата светска промоција во ММА.

Непоразениот Дагестанец има 29 победи во професионалната кариера, од кои 13 победи се во УФЦ.

Три пати го бранеше шампионскиот појас и секако е еден од најголемите во историјата на ММА.

Неговиот последен меч беше во октомври 2020 година кога со зафтот гушење со триаголник во втората рунда го победи Џастин Гејџи.

По тој триумф објави крај на кариерата и се посвети на бизнисот, денес ја предводи промоцијата на ФЦ Игл.

За време на церемонијата Хабиб во својот говор откри која била најважната победа во неговата кариера.

„Беше во оваа сала на 6 октомври 2018 година, тоа беше најголемиот натпревар во историјата на ММА. Среќен сум што победив во таа борба. Би прифатил пораз на секој меч, но не и во оваа борба“, изјави Хабиб Нурмагомедов, осврнувајќи се на мечот против Конор Мек Грегор.

На тој настан на УФЦ 229 Дагестанецот го победи славниот Ирец со заврфшница (вратен удар) во меч за кој беа продадени 2,4 милиони ППГ преноси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО