Хабиб пак заигра фудбал и постигна гол, па го прозва Бензема (ВИДЕО)

Поранешниот шампион на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов е голем љубител на фудбалот, а често и игра фудбал. Учествува на егзебицисли мечеви, а еден ден сака да игра за професионален тим.

Неодамна на својот Инстаграм објави видео од акцијата во која помина покрај противникот и постигна гол.

Со објавата го повика големиот пријател во Реал Мадрид, напаѓачот Карим Бензема.

„Јави ми каде си“, напиша Хабиб, а Бензема одговори:

„Брат, ќе видиме“.

Неодамна Хабиб се поврзуваше со рускиот третолигаш Легија Динамо од Махачкала, притоа се проширија информации дека потпишал професионален договор со тој клуб.

Но, тоа не беше вистина. Поранешниот борец на УФЦ потпиша спонзорски договор со клубот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО