Хабиб одби понуда од 100 милиони долари за борба со Мејведер

Али Абдел-Азиз, менаџер на поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов во подкастот на Мајк Тајсон изјави дека Хабиб не се согласил на меч со боксерот Флојд Мејведер за кој би добил 100 милиони долари.

„На Хабиб му беа понудени 100 милиони долари, кога го напушти УФЦ, за борба против Флојд Мејведер. 100 милиони долари. Можете да го прашате Флојд, можете да прашате кого сакате, ама Хабиб рече: „Не, јас се повлеков. Ѝ реков на мама дека ја завршив кариерата и ќе си го одржам зборот што го дадов. Ако мајка ми ми каже повторно да се борам, можеби и ќе го сторам тоа, но таа во овој момент не го кажа тоа“. Тој потекнува од муслиманската култура, многу си ги почитуваме мајките. Не можеме да отидеме на небото без мајчина дозвола“, ги наведува Абделазиз.

Хабиб Нурмагомедов ја заврши кариерата во октомври 2020 година по победата над Американецот Џастин Гејџи и третата титула шампион во лесна категорија. Рускиот борец се бореше во вкупно 29 мечеви и имаше 29 победи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО