Шампионот во лесна категорија се враќа во септември. Хабиб Нурмагомедов го изјави тоа за Азамат Боцанов, при што истакна дека тогаш ќе се борат и неговите соборци Зубаир и Абубакар.
Во моментов, „Орелот“ е казнет од страна на Атлетската комисија на Невада, но неговата казна истекува за неколку месеци. Друга е ситуацијата на Зубаир и Абубакар кои се казнети со по 1 година и не можат да се борат во септември, но и покрај тоа Хабиб смета дека сите ќе се вратат пред септември.
„Јас, Зубаир и Абубакар ќе се бори во септември“.
https://twitter.com/MMATeamDagestan/status/1105821052062572549?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fmma.bg%2Fnovini%2Fmma-novini%2Fkhabib-nurmagomedov-vliza-v-kletkata-prez-septemvri
Во мај започнува светиот месец Рамазан, во кој Хабиб ќе пости, а потоа ќе има три месеца за да се врати во форма и септември е реална опција за неговото враќање. Тој отсекогаш велел дека сака да биде активен во кафезот, а ако се бори во септември, веројатно ќе го видиме повторно во декември оваа година или јануари следната година.