Владимир Кличко почна со тренинзи

Според Спорт арена, поранешниот двократен светски шампион во тешка категорија, Владимир Кличко, почна да тренира. Во моментов е во Киев, каде што ги спроведува тренинзите.

Неодамна украинската легенда доби многу профитабилна понуда од ДАЗН – 40 милиони долари за три меча во рок од една година. Првата борба се планира да се организира во Германија во мај против ривал кој се наоѓа на првите 10 на рејтинг листата. Вториот и третиот – во Лондон на стадионот на Вембли против Британците Ентони Џошуа и Тајсон Фјури.

42-годишниот Владимир Кличко има 64 победи (53 со нокаут) и само 5 порази. Во неговиот последен меч беше нокаутиран од Ентони Џошуа на 29 април 2017 година.

Гласините за враќањето на Владимир Кличко започнаа на почетокот на годината кога почна да се зборува за борба со Дилиен Вајт во април. Но, Кличко ги негираше информациите, дефинирајќи го како „лажни вести“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО