Непоразениот шампион во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов го имитира Бејн, кој е негативец во филмот „Црниот витез“ и е еден од најмоќните непријатели на Бетмен.
„Орелот“ носеше маска и го копираше Бејн за време на давањето автограми пред настанот викендов. На својот профил на социјалните мрежи, Дагестанецот без пораз искористи една од најдобрите забелешки на Бејн, која гласеше:
„Не е важно кои сме. Само нашиот план е важен“.
https://www.instagram.com/p/CGkcnX2p0SD/?utm_source=ig_embed
Викендов, неприкосновениот шампион ќе ја брани титулата против привремениот шампион Џастин Гејџи во Абу Даби. Тие ќе се борат во главната битка на УФЦ 254 и ќе одлучат за иднината во лесна категорија.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=48&v=N8lPSj3kZYE&feature=emb_logo