Хабиб Нурмагомедов објави фотографија со Новак Ѓоковиќ, реакциите на неговите обожаватели се поделени

Двајца спортски великани, Новак Ѓоковиќ и Хабиб Нурмагомедов се сретнаа во Дубаи каде поминаа неколку дена заедно, кои ги овековечија со фотографија на Инстаграм. Иако во некои околности би било убаво да се видат двајца толку добри спортисти како заедно се дружат и споделуваат искуства, овојпат тоа не беше сосема така.

Додека повеќето коментари беа позитивни и укажуваа на братство и единство, имаше и такви кои беа навредeни. Повеќето од нив се муслимани од Косово, кои очигледно не му простиле на Ѓоковиќ за неговите изјави за нивната земја.

„Тој поддржува убивање муслимани, срам да ви е! Ти се нарекуваш муслиман! се само дел од коментарите. Добрата работа е што има уште повеќе позитивни:

„Две легенди“, „Неоспорен“, „Србите го сакаат Хабиб“ се примери за позитивни коментари упатени кон овие две легенди.

Да се ​​надеваме дека нема да гледаме вакви коментари во иднина и дека на прво место спортскиот свет ќе ги цени овие две икони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО