Хабиб Нурмагомедов најуспешна руска ѕвезда според „Форбс“

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, се најде на врвот на листата на најуспешни sвезди од Русија според „Форбс“. За една година заработил 12 милиони долари, а според овој показател е на второто место. Според сите останати параметри Нурмагомедов е признат за најуспешна руска славна личност.

Местото на рангирањето се одредува според приходот на ѕвездите за една година и нивната популарност, што зависи од публикациите во медиумите и социјалните мрежи, пребарувањата на „Јандекс“ и „Гугл“, како и од бројот на следбеници на „Инстаграм“ и „Јутјуб“. Така, Нурмагомедов го следат 29,7 милиони луѓе на „Инстаграм“, пишува Лента.

Второто место во рангирањето го зазеде раперот Моргенштерн со богатство од 7,4 милиони долари, а на третото место е тв-водителката Олга Бузова (2,7 милиони евра). Најбогат од сите е хокеарот Александар Овечкин: неговиот приход се проценува на 12,2 милиони долари

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО