Олимписки игриЏудо

Во Токио- тренер и удри шлаканици на германска џудистка, таа застана во неговца одбрана, сама ги барала (ВИДЕО)

Познатата германска џудистка Мартина Трајдос застана во одбрана на својот тренер, кој се најде на мета на критики во јавноста затоа што и удри шлаканици пред почетокот на натпревар во Токио.

Социјалните мрежи ги преплави видео на кое тренерот Клаудио Пуса ја фаќа Германката за реверот и ја тресе, за потоа да и удри шамари. Мартина после тоа излезе на борилиштето каде загуби од Софи Озбас.

Во јавноста малку се зборуваше за поразот на Германката, но сите говореа за однесувањето на тренерот. Набрзо се огласи и 32 годишната Трајдос.

„Би сакала насловите за мене да ги пишуваа од другоа причини“- порача таа.

И повика да нема никој грижа околу снимката.

„Не се грижете. Ова е ритуал, кој го практикувам пред борба. Мојот тренер го бара она што јас го барав од него, како би ме разгорил“.

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON