Хабиб Нурмагомедов: Конор не заслужува реванш, не направи ништо

Три месеци откако го победи Конор Мек Грегор и ја одбрани титулата на шампион во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов изгледа воопшто не е заинтересиран за уште еден дуел против заклонатиот непријател.

„Реванш за што? Пред последниот ни дуел тој зборуваше какви ли не глупости. Но откако влеговме во кафезот, тој не направи ништо“.

Нурмагомедов доминираше пртив Мек Грегор во нивната борба на УФЦ 229 во октомври. Тој имаше предност 58-34 во ударите, а, освен тоа, го собори три пати Озлогласениот пред да го принуди да се предаде во четвртата рнда.

Со оваа победа Нурмагомедов го зголеми својот биланс 27 борби, а во УФЦ има 11 победи и без пораз од 2012 година.

Не е јасно што му претстои на Хабиб. Последните гласини се дека може да се соочи со Тони Фергусон како дел од едно од најпознатите изданија на УФЦ, настан на кој можеби ќе учествува и Мек Грегор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО