Емил, Наташа и Берат на карате камп во Рим пред Париз под водство на тренерот на репрезентацијата Сашко Арсовски (ФОТО)

 

Берат Јакупи, Сашко Арсовски, Наташа Стефановска и Емил Павлов на аеродромот Чампино во Рим

Карате репрезентативците на Македонија од денеска се на карате камп во Рим, Италија, до 23 јануари, од каде што ќе отпатуваат на првото коло на Карате 1 Премиер лигата во Париз идниот викенд.

Тренерот на репрезентацијата Сашко Арсовски на кампот ги води Емил Павлов, Наташа Стефановска и Берат Јакупи. На овој светски тренинг камп ќе има каратисти од повеќе земји во светот.

Ова е подготовка за сезоната што доаѓа и собирање на нови искуства, а од Париз почнува борбата за обезбедување норма за Олимписките игри во Токио 2020 година.

Нашите репрезентативци и тренерот беа видно расположени во Рим и велат дека овој камп е од големо значење за нив.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО