Хабиб Нурмагомедов исполни трогателни мечти на 10 деца

Шампионот во лесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, покажа дека има исклучително големо срце и усреќи десет деца во татковината.

Тој на Инстаграм обајви дека во краток рок ќе ги исполни желбите на десет деца кои го испратија во следните неколку часа. Ја започна својата идеја пред една недела и „победниците“ во неговиот избор веќе се знаат. За картко време шампионот добил над 1000 писма, а некои од нив навистина биле трогателни.

https://www.instagram.com/p/BsWYCFhAR0I/?utm_source=ig_embed

Едно шестгодишно глуво момче го моли да му помогне да најде тренер, бидејќи е тешко да се најде професионалци подготвени да работат со деца со нерамноправна положба/попреченост. Исто така тој ја сака книгата на Хабиб со автограм, а на него Нурмагомедов специјално му вети да го покани во салата во Москва (која ќе биде подготвена напролет), во која бесплатно ќе може да тренираат во одделот за деца со посебни потреби.

https://www.instagram.com/p/BsXtWoFg_fC/?utm_source=ig_embed

Друго дете пак не сака никаков подарок од Хабиб, туку само да посети меч на младинскиот тим на Локомотив (Харабовск), каде што тренира. 13-годишниот Курбан кој има дистрофија на душникот и има тешкотии со дишењето, а има потреба од скап апарат, кој ќе му помага да не кашла и многу да не се задишува, за да може да се движи послободно и безболно. Друго барање е за меч на Реал Мадрид, а Хабиб се ангажирал да го однесе на средбата со Ајакс во Лигата на шампионите за 5 март.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON