Боксер ги скрши од ќотек полицајците на протестот на „жолтите елеци“ (ВИДЕО)

Деновиве бевме сведоци на снимка од Франција како еден човек/демонстрант ја напаѓа полицијата и тоа многу добро го правеше, како боксер. Видеото стана хит во светот. Човекот не е случаен демонстрант од кого бегаа полицајците, туку тоа е поранешниот француски боксерски првак Кристоф Детинже. Тој ја скрши полицијата од ќотек за време на судирот меѓу полицијата и протестантите – „жолтите елеци“. 37-годишниот борец замина во униформиран полицаец кој се обиде да се одбрани со својот штит. Потоа Детинже успеа да го собори полицаецот и почна да мава со ногата.

Откако снимките се појавија на интернет, боксерот се извини за неговата постапка.

„Јас сум оној што ги тепаше полицајците на 5 јануари во саботата. Ме тровеа со гас, ме тепаа, ударите доаѓаа еден по друг. Бев лут и реагирав луто. Да, мојата реакција беше погрешна. Да, потапив лошо. Тие министри, претседатели и државници крадат сè за себе, а за се плаќаме ние, малите луѓе. Французи, „жолти елеци“, моето срце е со вас“, рече Детинже и повика борбата да не престане.

По видео извинувањето поранешниот боксер и се предаде на полицијата. Му се заканува да добие затворска казна од пет години и парична казна од 75.000 евра.

Како што е познато, протестот на „жолтите елеци“ се одржуваат од средината на ноември 2018 година. Граѓаните на Франција се незадоволни од зголемувањето на даноците и цените на горивото. Демонстрантите ги обвинуваат властите за неефикасно управување на владата.

ВИДЕО.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО