Шампионот за шампионот – Хабиб Нурмагомедов го доби подарокот од Шабан Трстена

Големиот шампион на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, го прими подарокот од големиот шампион во борењето Шабан Трстена.

Нурмагомедов на почетокот на годината му испарти подарок национална капа со посвета, затоа што многу го почитувал и слушал за него, но и дека знае се за него. Подарокот за Трстена стигна во Скопје преку освојувачот на бронзениот медал за Макеедонија на Олимписките игри 2000 година во Сиднеј, Могамед Ибрагимов – Моги.

Тогаш популарниот Моги ги пренесе зборовите на Хабиб дека се знае за олимпискиот шампион Шабан Трстена и дека многу го почитува.

„Го поканив големиот шампион Хабиб Нурмагомедов да ја посети Македонија, бидјеќи има многу навивачи во нашата земја“, ни рече по тој повод Шабан Трстена.

Во знак на почитување олимпискиот шампион Шабан Трстена му ја испрати неговата монографија „Шабан Трстена патот на оимпискиот шампион“ и бела капа – кече.

Подарокот на Хабиб му го врачи македонскиот репрезентативец во борење Могамедгаџи Нуров, кој, како и Моги, е од Дагестан. 

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО