Хабиб Нурмагомедов му поклони национална капа на шампионот Шабан Трстена

 

Шампионот на УФЦ во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов се поклонува пред резултатите на најмладиот олимписки шампион Шабан Трстена. Хабиб во знак на почит и благодарност за она штого направил за борењето му ја испрати капа – национално обележје на Дагестанците, со негов потпис.

Исклучително вредниот подарок на шампионот Трстена му го предаде освојувачот на бронзениот медал за Македонија на Олимписките игри во Сиднеј 2000 година Могамед Ибрагимов.

Популарниот Моги ги пренесе зборовите на Хабиб дека се знае за олимпискиот шампион Шабан Трстена и дека многу го почитува.

„Го поканив големиот шампион Хабиб Нурмагомедов да ја посети Македонија, бидјеќи има многу навивачи во нашата земја“, ни рече Шабан Трстена.

Ipon.mk

print