Хабиб Нурмагомедов го поддржа проектот против Конор Мек Грегор: Добра работа, екипо!

Конор Мек Грегор, поранешен двократен шампион на УФЦ, една од најголемите ѕвезди на промоцијата и ММА воопшто, беше осуден за сексуален напад врз Никита Хенд, а поради развојот на настаните се огласи и неговиот стар ривал Хабиб Нурмагомедов. 

Непоразениот Дагестанец ја изрази својата поддршка за проектот наречен „ConvictMcGregor“ (осудување на Мек Грегор), чија цел е да ги покрие сите правни трошоци за жртвата на Мек Грегор, г-ѓа Хенд. Сексуалниот напад кој го извршил познатиот ирски борец се случил уште во 2018 година, а судењето неколку пати се одложувало. Со оглед на тоа што судскиот процес се одолговлекуваше макотрпни шест години, за очекување е дека правните трошоци се значителни.

„Добра работа, екипо, ја имате мојата целосна поддршка, овој човек заслужува казна“, напиша Нурмагомедов на социјалната платформа Х (поранешен Твитер), повикувајќи се на најавата за споменатиот проект.

Хабиб Нурмагомедов и Конор Мек Грегор се сретнаа во кафезот на УФЦ 229 на 6 октомври 2018 година, што е најуспешниот настан на УФЦ со над 2.400.000 продадени платени гледања, со што промоцијата заработи околу 180 милиони долари. На борбата и претходеа големи тензии поради бескрупулозниот „валкан говор“ на Мек Грегор во кој го навредуваше семејството, религијата на Хабиб и генерално упадна во неговиот приватен живот.

Сега излегува на виделина дека однесувањето на Ирецот во тоа време не беше само шоу за публиката, туку делумно и вистински одраз на неговата личност. Мек Грегор досега не му се извини на Хабиб, а најави дека ќе поднесе жалба на судската пресуда.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RED CORNER MMA (@redcorner.mma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО