Хабиб Нурмагомедов е изрбан за Спортска ѕвезда на годината

Хабиб Нурмагомедов, кој е апсолутен шампион во лесна категорија на УФЦ, е избран за Спортска ѕвезда на годината од авторитетниот медиум на Би-Би-Си.

Непоразениот борец, кој се повлече од активниот спорт оваа година, ја зголеми својата серија на 29 последователни победи. Во неговиот последен судир во октагонот во главниот меч на УФЦ 254, Орелот со завршница го победи Џастин Гејџи во втората рунда. На овој начин ги обедини титулите во лесна категорија, а по мечот се расплака на средина на октагонот, по што најави пензија.

Медиумите потсетуваат дека Хабиб ја има титулата кај најлесените во УФЦ вкупно 932 дена. Во најпознатиот ММА синџир во светот тој победи на 13 натпревари од 13 настапи, а на социјалната мрежа Инстаграм, Нурмагомедов е на првото место по популарност во Русија со рекордни 26,3 милиони следбеници.

Покрај тоа што забележа вкупно 29 победи на 29 натпревари (8 со нокаут и 11 со завршница), Дагестанецот стана првиот претставник на „Зборнаја“ што се искачил на првата позиција на најпрестижната ранг-листа на УФЦ – „Паунд фор паунд“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON