Соочување: Калум изгледа како џин во однос на Канело (ВИДЕО)

Сoл Алварез-Канело и Калум Смит се соочија пред големиот меч следниот викенд.

Британецот ги шокираше новинарите и фоторепортерите со својата супериорност во висина. Многумина се прашуваа како е можно да се во една категорија, пишуваат новинари во САД.

Мечот е за појасите на ВБЦ и ВБА во суперсредна категорија.

Борбата е од 5 часот наутро во недела по македонско време. Гала вечерта ќе се одржи во Тексас.

Од Канело се очекува напорно да работи со удари во телото на противникот, со оглед на неговата очигледна предност во висина. Британецот ќе се обиде да го задржи Алварез на дистанца, но ќе биде интересно да се види дали ќе има одговор на брзината на црвенокосиот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО