Хабиб немаше да биде Хабиб да не беше Конор Мек Грегор

Поранешниот шампион во две категории на УФЦ, Даниел Кормиер зборува за поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов.

За време на неговата кариера во ММА Нурмагомедов имаше 29 борби, од кои победи во 29. Во УФЦ, Нурмагомедов има 13 победи во 13 борби. Последна борба му беше онаа со Американецот Џастин Гејџи.

Нивната борба се одржа во октомври 2020 година на турнирот УФЦ 254 во Абу Даби. Русинот победи со принуда во втората рунда. „Орелот“ стана суперѕвезда по борбата со Конор Мек Мрегор во 2018 година.

Борбата стана најпродавана во историјата на УФЦ, а Нурмагомедов ја доби со завршница. Хабиб се пензионира по борбата со Гејџи, но и покрај ова не престанува да се зборува за него. Кормиер призна дека Хабиб немаше да стане ѕвезда доколку не беше Мек Грегор.

„Колку и да беше кул Хабиб Нурмагомедов, тој немаше да биде Хабиб што го знаеме денес.

Хабиб немаше да има 30 милиони следбеници на социјалните мрежи доколку не го победеше Конор Мек Грегор“, рече Кормиер за Јаху спорт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО