Хабиб немал пари за влезница на фудбалски меч, па се шверцувал

Шампионот на УФЦ во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов е голем навивач на Фудбалскиот клуб Анжи (Махачкала). Тој потсети на една случка од младите денови и и ја раскажа на неговите следбеници на Инстаграм.

„Се сеќавам, во 2001 година отидов два пати на стадионот во Динамо. Немав пари за билет, но навистина сакав да го поддржам Анжи. Потоа најдов еден пријател (тоа беше Газиев) – трениравме заедно во иста сала за слободните борби. Тој беше во постарата група, а јас – со помладите. И ме пушти без пари. Немаше места, стоев 90 минути. Речиси 20 години поминаа оттогаш и многу работи се променија“, напиша Нурмагомедов на социјалната мрежа.

https://www.instagram.com/p/Bo7jPkUnitc/?utm_source=ig_embed

Хабиб треба да добие 2 милиони долари за борбата против Конор Мек Грегор, но судбината на надоместокот му останува нејасна поради предизвикувањето на масовната тепашка во салата во Лас Вегас. Се зборува дека Атлетска комисија на државата Невада може да му ја земе целата сума, иако според шефот на УФЦ, Дана Вајт, би било мудро тој да плати казна во висина од 250.000 долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО