Хабиб не сака реванш со Конор ни за 100 милиони долари

Актуелниот УФЦ шампион во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов порача дека не е заинтересиран за реванш со Конор Мек Грегор против кого славеше во октомври 2018 година.

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, во неделата изјави дека новата борба помеѓу Мек Грегор и Нурмагомедов може да се одржи есенва, но таквата идеја воопшто не му се допадна на УФЦ шампионот во лесна категорија.

„Не сум заинтересиран за реванш. Што ако ми понудат 100 милиони долари? Има многу други спортови во кои тој износ може да се вложи. Зашто би ми биле потребни 100 милиони долари за повторно да го победам“, изјави Нурмагомедов за руската новинска агенција Тасс.

Последната борба на Нурмагомедов беше во септември минатата година кога го победи Дастин Пориер и ја запиша 28-та победа во исто толку мечеви, а следниот предизвик го очекува на 18 април кога ќе ја брани титулата против Тони Фергусон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО