Емилијаненко: Ќе се борев со Леснар, но Дана беше немилосрден и арогантен

Легендарниот Федор Емелијаненко е една од најголемите икони во ММА и има многу борби кои навивачите сакаа да ги гледаат со него, но не се случија. Многу фанови сакаа да го видат Федор во УФЦ, но двете страни никогаш не успеаја да се разберат. Неколку пати Федор и УФЦ преговараа, но не се согласија.

Пред неколку години, Дана Вајт започна да преговара со легендарниот борец за судри со Брок Леснар, но сè пропадна. Сепак, Вајт жали што не успеа да ги соочи. Сите сакаат да знаат зошто не успеаја преговорите, а Емјелиненко за руските медиуми реши да зборува на оваа тема. Основата на неуспешните преговори беше ставот на Дана Вајт.

„Имавме неколку средби со раководството на УФЦ и бевме во разговори. Ако Дана Вајт сакаше да се случи оваа борба меѓу мене и Брок Леснар, тогаш тоа ќе се случеше. Не барав ништо необично. Тогаш може да се каже дека Дана Вајт не зборуваше со нас како што треба.

Вајт ни зборуваше толку дрско и невнимателно, затоа што не се согласувавме со нив. Ако тој беше малку почовечен за борците, оваа борба ќе се случеше. И, можеби ќе имаше уште неколку борби во УФЦ со мене“, рече Емилијаненко.

https://www.youtube.com/watch?v=ggcU-bXXO9Q&feature=emb_logo
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО