Хабиб не очекува дека Конор ќе го брани појасот

Овој викенд Хабиб Нурмагомедов се среќава со Тони Фергусон во меч за привремената титула на УФЦ во лесна категорија на УФЦ 209.

Се смета дека победникот од средбата ќе добие и можност да се сретне со шампионот во категоријата Конор Мек Грегор, освен ако Ирецот нема сосема поинакви планови.

Самиот Хабиб изјави за медиумите дека воопшто и нема намера да го чека Мек Грегор, ако победи во борбата за привремениот појас за неколку дена против Фергусон.

„Не ми е гајле за Конор. Мислам само на појасот. Кога пристигнав во УФЦ, никогаш не ми беше гајле за Конор, ниту пак правам пресметки како можам да заработам повеќе пари. Мислам само на појасот“.

„Очекувам да го победам Тони Фергусон, а потоа Конор да каже дека не сака да ја брани титулата, бидејќи и во принцип не го прави тоа. Подготвен сум да се борам со други претенденти. Не знам со кого точно. Можеби Мајкл Киеза или Едсон Барбоза, некој како нив“.

„Сакам да се борам за титулата, бидејќи тоа е причината да дојдам во УФЦ. Убаво е да имаш пари, но повеќето пари ве водат и до повеќе проблеми. Мек Грегор знае како стојат работите и кој сум јас. Не верувам дека сака да ја брани титулата“, рече уште еднаш Русинот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО