Генади Головкин на тренинг за медиумите (ВИДЕО)

Генадиј Головкин направи тренинг за медиумите во пресрет на борбата со Даниел Џејкобс.

Светскиот шампион во средна категорија на 18 март во Медисон сквер гарден во Њујорк ги брани титулите ВБЦ, ВБА, ИБФ и ИБО.

Во последната борба во септември минатата година во Казахстан пред 19.000 фанови го нокаутира светскиот шампион во полусредна категорија Кел Брук. Тоа беше неговиот 23-ти по ред нокаут и 17 последователна одбрана на титулата во средна категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО