Ронда навести враќање во октагонот со објавата на Инстаграм? (ФОТО)

Прогнозата на Дана Вајт, но и на добар дел од ММА фановите, би можела да биде погрешна.

Иако многумина заклучија дека настапот на Ронда на УФЦ 207 би можел да биде последен влез во октагонот, бившата кралица на бантам категоријата со својата објава на Инстаграм дава најава дека средбата со Аманда Нуњеш не значи крај на нејзината боречка кариера.

„Бродот на пристаништето е безбеден, но бродовите не се направени заради тоа“, го цитираше Ронда Грејс Хопер и така повторно ја поткрена фантазијата на своите фанови.

Што мислите вие, дали Ронда повторно ќе ја гледаме во октагонот?

https://www.instagram.com/p/BQ9L732hCE-/?taken-by=rondarousey

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО