Хабиб може да ја смени категоријата

Хабиб Нурмагомедов може да ја смени категоријата. Отсекогаш имал тешкотии со симувањето на килажата, па дури и мораше да се повлекува од борбата во последен момент. Таткото на Хабиб, Абдулманап изјави дека одамна сакал да ја смени категоријата, но не можел туку-така да остави серија од 6-7 последователни победи и да почне од почеток во потешката категорија.

„Мое мислење е дека Хабиб подобро ќе се снајде во средна категорија отколку во лесна категорија. Немаше како по серија од 6-7 последователни победи да се качуваме погоре и да почнеме од почеток. Решивме дека треба да продолжиме во таа тешка категорија и сега можеме да се подигнеме во средна категорија. Тој може да се бори во секое време и во продолжение ќе има поголема кариера.

Ако сака да биде активен, тој ќе мора да оди во повисоката категорија. Околу 6 месеци ќе му требаат да се навикне на новата категорија. Хабиб не е стар, има борба и издржливост. Неговата психа е тестирана 27 пати и мирно може да се подигне во потешката категорија“.

https://www.youtube.com/watch?v=z9xH-soabUg

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON