Хабиб посочи три борби по кои може да се пензионира како најголем (ВИДЕО)

Шампионот во лесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, посочи свои тројца потенцијални следни ривали, борби по кои ќе може да ја прекине ММА кариера како најголем на сите времиња.

„Не знам сега, но можеби Жорж Сент Пјер, Тони Фергусон и Флојд Мејведер. По овие три борби,можам да се откажам како најголем на сите времиња“, вели Даггестанецот во интервјуто за Радио Сабмишн.

„Сент Пјер е многу големо име, ми се допаѓа што тој е потежок, а и малку е поголем од мене. Ако застанеме еден спроти друг, тоа мора да биде во лесна категорија, затоа што во средна ќе биде покрупен од мене. Тоа ќе биде паметна одлука за мене да се направи меч во лесна категорија. Тој е голем предизвик за мене, за мојата историја ќе биде чудно да се соочам со него, а моето мислење е дека тој е најголемиот во историјата на УФЦ“, објаснува Хабиб.

„Мејведер веќе е стар. Ако зборуваме за борба против некои од младите лавови во боксот, тогаш би ми било многу тешко за мене. На пример, со Канело или Головкин, тие двајцата се опасни. Но Мејведер веќе е 42 години, а е многу големо име, па зошто да не“, рече Хабиб и дополни дека не е заинтересиран за реванш со Конор Мек Грегор, затоа што нивната прва битка не беше оспорувана и Ирецот беше прегазен, така штое најмала нуждата од втората борба.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО