И Јасин Лама на „Странџа 2019“ во Софија

Селекторот на македонската боксерска репрезентација Петар Чурлиновски вели дека на 70.Меѓународен боксерски турнир „Странџа 2019“ во Софија, Бугарија, од 13 до 20 февруари, Македонија ќе ја претставуваат двајца боксери, Гоце Јанески и Јасин Лама.

На турнирот, кој се смета за неофицијално светско  првенство, по подолго време ќе настапат македонски боксери. Јанески веќе два месеци се подготвува со боксерите на ЦСКА од Софија и чиј член е веќе, а Јасин Лама, како што не информира Чурлиновски, е на специјални подготовки во Албанија. Лама е најуспешниот боксер за 2018 година кој настапува за БК Чаир.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО