Хабиб: Махачев и Дариуш се подобри од Пориер и Гејџи

Хабиб Нурмагомедов смета дека во моментов Ислам Махачев и Бенеил Дариуш се најдобри во лесна категорија. Битката меѓу Махачев и Дариуш ќе ја гледаме на крајот на февруари 2022 година. Тие ќе го предводат настанот на УФЦ и победникот ќе добие шанса за титулата во категоријата.

Махачев е во серија од 9 последователни победи и годинава забележа 3 победи со завршница. Дариуш е во серија од 7 последователни победи и годинава забележа 2 последователни победи со судиска одлука.

Следниот месец ќе ја гледаме борбата за титулата во лесна категорија меѓу шампионот Чарлс Оливеира и Дастин Пориер. Шанса за титулата ќе добие Џастин Гејџи против оној кој во декември ја освои неприкосновената титула.

Плановите во категоријата се веќе исцртани, но Хабиб смета дека тоа не е фер.

„Во моментов Ислам Махачев и Бенеил Дариуш заслужуваат да се борат за титулата. Мое мислење е дека Ислам и Дариуш се подобри од Дастин Пориер и Џастин Гејџи.

Џастин е многу возбудлив борец. Тој е вистински нокаутер, но тоа е мое мислење. Не е важно во која категорија се борите, ако сте во серија од 9 последователни победи, тогаш се борите за титулата“, рече Хабиб за категоријата во која владееше пред една година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО