Хабиб: Ислам Махачев е на највисоко ниво во ММА

Хабиб Нурмагомедов изјави дека Ислам Махачев е на највисоко ниво во ММА.

Минатиот викенд во Абу Даби, Махачев се бореше со Чарлс Оливеира за титулата во лесна категорија. Махачев победи со завршница во втората рунда. Така, тој ја освои испразнетата титула, по што му ја посвети на својот тренер – легендарниот Абдулманап Нурмагомедов.

Ислам му ја предаде титулата на Хабиб, бидејќи Абдулманап повеќе не е меѓу живите. Тој почина пред 2 и пол години во болница во Москва. Таткото на Хабиб многу се заложуваше на Махачев и тврдеше дека ќе стане шампион во УФЦ. Тоа го зборуваше и Хабиб.

Сега тоа стана реалност, а Хабиб се закани дека интересните работи со Махачев дури сега почнуваат.

„Сум видел многу шампиони и многу борци на шампионско ниво, но Ислам Махачев е највисоко ниво.

Јас и татко ми многу пати повторувавме дека Ислам е врвен и сите се уверивме во тоа. А најинтересното од сето ова е што ова е само почеток“, напиша Хабиб на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО