Хабиб им се извини на авганистанските фанови

Хабиб Нурмагомедов реши да се извини откако беше вклучен во остра вербална расправија со новинар во Москва при една промоција, кога одби да зборува за политичката ситуација во Авганистан.

Поранешниот УФЦ шампион во лесна категорија, кој е еден од најпопуларните муслимански спортисти на светот одби да го коментира преземањето на власта во Авганистан од Талибанците на прес-конференцијата за спонзорскиот договор со компанија за енергетски пијалоци.

Одбивањето да коментира беше критикувано од многумина, посебно бидејќи во минатото го критикуваше францускиот претседател Емануел Макрон за навредливите изјави за муслиманите. Сега, тој се извини.

„Мојата реакција беше бидејќи не сакав да зборувам за политика. Секако, реакциите на авганистанските фанови беше голема. Повторно си побарав одговор внатре. Кога кажав дека се работи за илјадници километри од тука, не сакав да посочам дека тоа не ме загрижува. Имам многу пријатели од Авганистан, од 2012 тренирам во Сан Хозе, а во близината е Фремонт, градот со најмногу Авганистанци надвор од Авганистан. Се надевам дека ќе ми простат. Не се срамам да се извинам, бидејќи секој греши. Луѓето таму страдаат долго време. Тоа што се случува таму им се случува цел живот. Болно е за нив и се грижам. Им посакувам само најдобро“, изјави Хабиб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО