Дана Вајт тврди дека ги решил работите со својот шампион Хабиб Нурмагомедов. Но, претседателот на УФЦ не прецизираше како го направил тоа. Дали попуштил и го запрел отпусното писмо насловено до Зубаир Тухугов? Во овој момент тоа не се знае, но ако се суди според интервјуто на УФЦ првакот, тој не се откажува од својот ултиматум! Додека не се реши ситуацијата со Тухугов, нема ништо од договорот за следниот меч…
„Многу сум сериозен во врска со тоа, можам да го потврдам тоа. Ако ме прашувате за платата и парите воопшто … ако добрата личност има многу пари, не гледам ништо лошо во тоа. Но, дали парите се најважни во светот? За мене не. Во мојот живот најважна е честа, честа на моето семејство, честа на мојата земја, земјата што мојот противник ја навредуваше. Знаев дека ме чека војна, знаев дека некој мора да изгуби, но бев подготвен на борба до крај“, изјави Русинот за Канал 1.
Во подолгото интервју Нурмагомедов се осврна и на разговорот со рускиот претседател Владимир Путин кој го прими заедно со неговиот татко по триумфот на УФЦ 229 и победата против Мек Грегор.
„Голема е честа кога лично Владимир Владимировиќ ќе ви честита! Убаво е кога гледате дека ја цени твојата работа, а не само мојата работа, туку и работата на татко ми. Заедно со татко ми поминавме 25 години во салата. Можеби дури и повеќе. Се сеќавам кога имав само две години, а татко ми тогаш ме внесе во спортската сала. Целиот живот сум таму. И затоа сум многу среќен што Владимир Владимировиќ нè поддржува нас двајцата. Имам чувство дека целата земја ми даде голема поддршка. Никогаш не сум бил славен и тоа чувство ми е непријатно. Но, бидејќи победувам, славата доаѓа само по себе. Како штоми вели мојот тренер Хавиер Мендез: „Прифати го“!, опишува Орелот.
Нурмагомедов ги потврди своите барања спрема УФЦ во врска со Зубаир Тухугов, колега кој доби отказ поради метежот кој го започна самиот по завршувањето на мечот со Мек Грегор во Т-Мобиле арена. УФЦ веднаш го отпушти Тухугов, но се чини дека ова прашање не е завршено.
„Веќе ги кажав сите мои барања спрема УФЦ. Можете ли да го замислите ова? Одите во војна и потоа човекот што те поддржува страда во процесот. Победивте во војната, но не можете да си одите дома и да се наспиете, бидејќи човекот кој беше со вас и понатаму е во проблеми. Тоа не е начин на однесување и тоа не е начинот на кој функционирам јас. Им реков дека во случај на отпуштање на Зубаир и јас си заминува 100 отсто“.
„Видете, верувам дека човек во животот, што помалку е жално, има многу малку прилики да покаже каков е навистина. Да ги покажеш вредностите што ги носиш во себе и ги цениш. Да се биде вистински маж во денешно време е многу тешко. Им реков дека веќе почнавме преговори за следниот меч … Но, им реков: НЕ, ова ќе почека! Го казнивте мојот колега и сакате да преговарам со вас? Тоа никогаш нема да се случи. Вака ќе направиме: Најпрво ќе се реши проблемот со мојот соборец, бидејќи ние не сме тие што го започнаа овој конфликт. Ние само го завршивме. Да не збунат луѓето, ние доаѓаме од САМБО. А тоа е самоодбрана без оружје. Отидовме да се тепаме против борците кои беа добро потковани, без оружје, само во одбрана на нашата чест. А тогаш тие добиваат плата, а мене ми ја земаат и ја префрлаат вината на мојот тим. Тоа не може да се случи“, додава Нурмагомедов.
Сепак, признава дека прескокнувањето на оградата на октагоналнот е грешка …
„Длабоко во себе знам дека тоа беше голема грешка. Што и да се случи, никогаш не смеев да се однесувам како Конор и неговите борци. Но, после сè сакав да и дадам до знаеење. Всушнот, не знам … Сè уште не сум на чисто заради сето ова, но учам од грешките“, заклучува тој.
Прочитајте го целото интервју на овој ЛИНК.
.