Хабиб и Мек Грегор се во листата на најголемите на Сент Пјер

Поранешниот шампион на УФЦ во две тежински категории, Жорж Сент Пјер, ја објави својата листа на најдобри ММА борци во историјата.

„Раш“ го вклучи Конор Мек Грегор на својата листа бидејќи тој е човекот кој го подигна спортот на сосема ново ниво. Не може да се негира, но многумина не би се согласиле дека поранешниот двократен шампион од Ирска треба да биде вклучен.

„Ројс Грејси затоа што на почетокот на кариерата направи работи што никој досега не ги направил. Аманда Нунеш е најдобрата жена во ММА на сите времиња.

Хабиб Нурмагомедов исто така со својата неверојатна кариера си замина непоразен. Ќе го вклучам и Конор Мек Грегор бидејќи тој е човекот кој го подигна спортот на сосема ново ниво.

Би ги именувал и Џон Џонс, Андерсон Силва и Деметриус Џонсон“, изјави Сент Пјер за ММА Џанки.

Хабиб и Мек Грегор се бореа пред неколку години во Лас Вегас. Нивната борба стана најпродаваната во историјата на УФЦ. Дагестанецот го собори својот противник, а потоа во 4-тата рунда го принуди да се предаде. Вреди да се одбележи дека Сен-Пјер не го вклучува Федор Емелијаненко во својата листа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО