Хабиб и Дана заедно го гледаа настанот на УФЦ во Вегас (ФОТО)

Поранешниот шампион во лесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов повторно гледаше настан на УФЦ во друштво на Дана Вајт.

Минатиот викенд во Лас Вегас го видовме на УФЦ на ЕСПН 21. Во главната борба Дерек Брансон и Кевин Холанд се бореа во средната категорија, а нивната средба со победа на Брснсон со судиска одлука.

Пред неколку дена, Нурмагомедов го потврди повлекувањето од ММА, а УФЦ му ја одзеде титулата и го тргна од рангирањето. Хабиб моментално му помага на братучедот Абубакар Нурмагомедов, кој викендов ќе се натпреварува со Џеред Гуден на УФЦ 260 во Вегас.

Фотографии на кои Вајт и Хабиб се забавуваат заедно на свечената вечер се појавија на социјалните мрежи. Многумина забележаа дека Хабиб многу се здебелил и ќе му биде многу тешко да влезе во лесна категорија доколку се реши да се врати.



ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО