Шампионот во лесна категорија на УФЦ Хабиб Нурмагомедов се сретна со британската фудбалска легенда Дејвид Бекам.
Тие беа специјално поканети за дербито меѓу Париз Сент Жермен и Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Ѕвездата на ММА објави фотографија на неговиот Инстаграм профил.
Хабиб е голем љубител на фудбалот. Во секоја можност присуствува на големи мечеви во Европа.
Пред точно 20 години, Дејвид Бекам ја освои ЛШ. Тој е поранешен играч на ПСЖ и Реал Мадрид, со кои стана шампион и на Франција и на Шпанија.